Што сè може да тргне наопаку уште пред 10 часот наутро?
Малите нешта го сочинуваат утрото, а и целиот тек на денот. Затоа, ако вашиот ден започне вака, имаме една лоша вест - внимавајте како ќе завршите до вечерта.
Се будите и сфаќате дека вашиот аларм никогаш не заѕвонел
И никако не можете да откриете дали некој ве барал, затоа што полначот е уништен, а вашиот мобилен телефон празен
Прво нешто што фаќате во рака е четката и пастата за заби, но како за инаeт пастата е празна и нема шанса да исцедите една единствена капка
Нервозни, влегувате под туш, но некако магично ви снемува топла вода, затоа што некој решил дека денес бојлерот треба да е исклучен
Си правите топло кафе, но наместо шеќер си ставате сол, брашно, сода бикарбона...
Се упатувате кон вашата омилена кафетерија, зимате кафе за носење и сфаќате дека и покрај тоа што сте секојдневен купувач не ви го знаат ни името
И баш кога сакавте конечно да влезете во автомобилот... Гледате дека се заклучивте... Од надвор!
Повикавте помош, но додека да дојдe вашата кола се претвори во сауна
Барем кафето имаше време да се излади. Зимате една голтка и...
Се обидувате да се освежите со една мастика, но веќе сте ја изеле последната
Одите до најблискиот автомат или продавничка, кога немаат ситно или автоматот не ви ја прифаќа банкнотата
За на крајот да добиете неколку стотки назад во безброј монети
Се откажувате, се решавате да се јавите на работа дека сте болни, кога гледате дека сè уште нема ни 10 часот и може да се провлечете некако, ако не ви се случи уште нешто по пат
Извор: www.buzzfeed.com