Што е Купуасу?
Купуасу или Cupuaçu е уште едно егзотично овошје со потекло од Јужна Америка. Веќе подолго време таму е познато како витаминска бомба преполна со антиоксиданси и останати хранливи материи, ова овошје станува сè попопуларно во рамките на останатите земји.
Многу светски нутриционисти сметаат дека Купуасу ќе го симне од тронот популарното јужноамериканско овошје Акаи. Двата плодови имаат исти хранливи вредности, но многумина сметаат дека Купаусу овошјето има предност заради тоа што неговото одгледување не ги уништува сите прашуми во Јужна Америка.
Плодот од дрвото Купуасу припаѓа на семејството на какао плодовите и расте на висина од 12 до 20 метри. Ова доста недостапно овошје со векови е примарна исхрана на луѓето кои живеат во прашумите. Слично во обликот на дињата и лубеницата, Купуасу плодот има тврда кора, под која се наоѓа кремаста, егзотична внатрешност.
Кремот со егзотичен вкус се користи за сокови, сладоледи, џемови, како и за најразлични додатоци во слатки јадење. Производите од ова егзотично овошје во голем број на јужноамериканските градови се сметаат за деликатеси.
Вредност на хранливи материи
Купуасу плодот содржи високо количество на B1, B2, B3 витамини, масти и аминокиселини и барем девет атниоксиданси, вклучувајќи ги витамините А и С. Со оглед на тоа дека е доста блиску до какао плодот, богат е и со флавоноиди.
Заради големото количество на енергетска вредност, одличен е за оние кои страдаат од хроничен замор и ненаспаност. В витамините се заслужни за здравјето на косата и кожата, а исто така ова овошје помага и при намалување на нивото на холестерол, го зголемува либдото и мозочните функции. Помага и при регулирање на кардиоваскуларниот систем.
Покрај во исхраната, овој плод се користи и во голем број на козметички препарати. Можете да го пронајдете во многу шампони, лосиони за тело, етерични масла... Кремите со масло од Купуасу се препорачуваат за трудниците во борбата против стрии, за побрзо ревитализирање на исушената и изгорената кожа и е корисна состојка за време на летото токму заради тоа што на кожата секојдневно и ја дава неопходната нега и заштита од сончевите зраци.