Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Модерни бои за ентериер

Еден од првите чекори при уредувањето на домот или било кој друг простор е изборот на боја. Ако на вашиот дом му е потребен нов почеток одберете некоја од популарните бои за оваа сезона. Некои се класични, а некои се предизвикувачки. Изборот е ваш.

moderni-boi-za-leten-enterier-01

Смарагд

Оваа боја беше избрана за боја на 2013та година. Дизајнерите ја пречекаа оваа боја со широко отворени раце и најдоа многу начини како да ја употребат во домот. Докажано е дека зелената на очите дејствува смирувачки бидејќи асоцира на природа и носи мир и свежина во просторијата. Смарагдот е јака боја по природа па затоа можете да изберете некои нејзини варијанти - светла зелена, популарна минт или нијанси на маслинеста боја. Тиркизна и сино зелена се совршени за детали или за мебел.

moderni-boi-za-leten-enterier-02

Бронзена

Месингот е еден од главните трендови на ентериер заедно со бронзената боја која внесува топлина и доза на отменост. За да го претворите домот во модерен користете сјајни метални украси, а бронзената ќе ја воспостави потребната рамнотежа во мрачната внатрешност.

moderni-boi-za-leten-enterier-03

Крем боја

Оваа боја се смета за класика и е најчесто барана боја кога е во прашање уредување на домот. Ако не сте обожавател на јаки бои, кремавата е вистинската за вас и одлично ќе се вклопи во секој амбиент од вашиот дом. За да не добиете анемична атмосфера во домот додајте друга боја и бидете внимателни во изборот зошто треба да биде хармонична со основната нијанса.

moderni-boi-za-leten-enterier-04

Сива

Сивата е исто така неутрална боја како кремавата, но сепак ретко кој ја одбира. Ова е боја за која важат многу предрасуди, но ако се употреби внимателно може да му даде на домот длабочина и мистериозност. Најдобро функционира како секундарна боја и совршено ќе одговара со нежни нијанси на сино.

moderni-boi-za-leten-enterier-05

Жолта

Жолта обоена мала соба визуелно ќе изгледа поголема. Таа е позната како бојата на расположение и среќа, бидејќи асоцира на изворот на енергија сонцето. Може да се искористи било каде во домот. За да создадете совршена атмосфера во дневната или спалната соба помешајте ја со другите модерни нијанси.

moderni-boi-za-leten-enterier-06

Темно виолетовата

Оваа боја е во моментов многу популарна. Се верува дека од оваа боја вие можете да добиете сила. Можеби нема да одговара за цела соба, но ако ја употребете како детаљ во собата може да придонесе за создавање мистична атмосфера која е идеална за одмор и релаксирање.

moderni-boi-za-leten-enterier-07

Би можело да ве интересира:

Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg