Што гледате во огледало?
Секогаш кога ќе се погледнеме во огледало сами ја одбираме “леќата“ низ која гледаме. Сами бираме на кој аспект ќе се фокусираме. Понекогаш се гледаме...
... целосно, но често се гледаме себеси како збир од индивидуални делови класифицирани како добри или лоши, убави или грди. Се споредуваме со некои наши идеали и замислуваме слика за тоа како би требале да изгледаме.
Сепак, одразот во огледалото не е пресликување на она што другите го гледаат кога ќе не видат. Луѓето гледаат преку филтер на своите искуства и моменталното расположение.
На мајките сопствените деца им се секогаш најубави, на децата - таткото секогаш им изгледа повисок и посилен, а популарните личности секогаш изгледаат позгодни отколку што навистина се.
Некому сме му симпатични затоа што во минатото имал позитивно искуство со некоја личност слична на нас, на други пак обратно...
Можете да бидете совршени, ако некој порано имал искуство и бил повреден од совршена личност, никогаш нема да му се допаднете. Од друга страна пак можете да имате 132 килограми, а ако таа друга личност има фамилија или пријател со сличен изглед секогаш ќе му бидете симпатични.
Токму заради овие факти, не вреди премногу да се оптоварувате со она што го гледате во огледалото.
Огледалото би требало да ви служи за поглед во сопствената уредност, а не како средство за тоа колку им се допаѓате на другите.