Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пет неверојатни измами на нашите сетила

Дали можете да замислите живот без сетила? Се разбира не. Сите имаме сто процента доверба во нив, но дали таа доверба е оправдана?

pet-neverojatni-izmami-na-nasite-setila-01

Можеби не сте забележале, но нашите сетила имаат системски недостатоци кои секојдневно ни создаваат проблеми.

Еве ги најинтересните.

1. Зошто слушате погрешно?

Сите знаеме како функционираат сетилата посебно. Но дали знаеме дека понекогаш се случува сетилото за вид да влијае на слухот, односно тоа што го гледаме може да влијае на тоа што го слушаме.

Од видеото видовме дека наместо бах ние слушнавме фах. Неверојатно е како сетилото за вид го измами сетилото за слух, па ние да слушаме различно нешто, иако звукот не е променет.

Овој ефект е познат како McGurk ефект. Откриено е дека овој ефект е почест во комуникација со непознати луѓе.

2. Како мозокот брише некои работи

Очите навистина се најважното сетило, но сепак мозокот е крал кој ги контролира сите сетила. Затоа навистина е страшна помислата дека мозокот може да избрише некои работи кои ги гледаме без наша свест. Гледајте ја сликата 10 секунди.

pet-neverojatni-izmami-na-nasite-setila-02

Пополека ќе забележите дека жолтите точки исчезнуваат.

Во овој случај ние знаеме дека ги снемува, но во некои случаи не сме свесни. Колку пати сме чуле за некоја сообраќајна несреќа "дојде од никаде".

Проблемот е тоа што ни научниците не се сигурни од каде ова се појавува. Оваа појава се вика слепило предизвикано од движења и се претпоставува дека мозокот намерно исфрла некои информации. Тоа воопшто не е чудно, мозокот секојдневно прима огромен број информации, и прави селекција на важни и на помалку важни. Некогаш се случува мозокот да згреши и да исфрли информација која е важна.

Пилотите поради овие причини се учат да гледаат по целиот хоризонт, а не во една точка. Ова е идеја која може да ја примените кога се возите на некој долг автопат.

3. Очите го менуваат вкусот

pet-neverojatni-izmami-na-nasite-setila-03

Во еден експеримент, каде што требало да се дегустира вино, истражувачите им подметнале на експертите бело вино, обоено во црно, и послужено на температура соодветна за црно вино. Експертите не знаеле за ова, а потоа го опишале виното со сите карактеристики како за црно.

Овој експеримент е повторен повеќе пати и ги дал истите резултати.

Што се случило поточно? Очите ги натерале да вкусат нешто што очекуваат.

Во некои други експерименти, десертите се доживуваат како поблаги ако се сервирани на бела чинија, отколку од црна, или пак дека топлото чоколадо е повкусно во портокалова чаша.

4. Како мозокот менува величина

Погледнете ја сликата.

pet-neverojatni-izmami-na-nasite-setila-04

Двете црвени линии се исти ама мозокот ги перципира различно, односно дека таа десно е поголема. Бидејќи линијата десно е оддалечена од линијата лево, мозокот инсистира линијата лево да биде помала.

Истото се гледа и во природата.

Месечината изгледа голема кога е блиску до земјата, бидејќи се споредува со околните згради и објекти. Кога ќе се подигне во небото, таа не може да се споредува на тој начин и затоа изгледа помала.

5. Како да заборавите каде ви е раката

Погледнете го овој бизарен експеримент.

Доволно е да ја сокриете својата вистинска рака, и потоа мозокот ќе ја прифати гумената како сопствена.

После неколку минути, може да се направи таа гумена рака да има чувство и може да почувствувате болка при удар. Најлудото е тоа што мозокот ќе го сопре крвотокот во сокриената рака, дури и кога знаете што се случува цело време. Оваа појава се вика проприоцепција каде што вашите очи со мозокот ја менуваат реалноста.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
9 забавни илустрации кои покажуваат дека со стареењето гледаме поинаку на работите Конечно знаеме како да ги распределиме финансиите, избираме практични подароци, ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg