Интересни факти за соништата
Сите ние често сонуваме во текот на ноќта, но сепак многу малку знаеме за соништа. Зошто сонуваме? Што значат нашите соништа? Како треба да ги протолкуваме и дали воопшто треба да бараме значење?
Еве неколку интересни факти кои не сте ги знаеле за соништата.
Соништата можат да ни помогнат во учењето
Ако учите за испит, решавате математички проблем или се обидувате да совладате некоја нова вештина, наместо да „заглавувате“ до доцна во ноќта, одете порано во кревет.
Истражувањата покажуваат дека кога мозокот сонува, ви помага да ги решите проблемите. Тоа е така бидејќи во текот на сонот, нашиот мозок ги обработува, интегрира и разбира внесените информации од претходниот ден.
За подобар квалитет на сонот и подобрување на способноста на памтење, избегнувајте секаква бука во спалната, како телевизија и радио.
Најчест сон: Неверство на партнерот
Ако некогаш сте се разбудиле преплашени од сонот во кој партнерот ве изневерува, припаѓате на мнозинството кои имаат вакви соништа.
Испитувањето кое е спроведено на повеќе од 5.000 луѓе покажало дека сонот за неверство ги прогонува поголемиот дел од нив и дека истиот тој сон, се повторува. Ваквиот сон ретко е поврзан со неверство во реалниот живот, а повеќе зборува за стравот од напуштање.
Секоја ноќ сонуваме и по неколку различни соништа
Не сонувате само еднаш во текот на ноќта. Во прашање е цела низа на соништа на кои наутро не се сеќавате, велат стручните лица. Сонуваме на секои 90 минути во текот на ноќта, а секој циклус на сонување е подолг од претходниот.
Првиот сон трае околу 5 минути, а последниот пред да се разбудите околу 45 минути.
Според некои процени, поголемиот број луѓе сонуваат повеќе од 100.000 пати во текот на животот.
И бизарните соништа имаат објаснување
Иако понекогаш и самите сме згрозени од тоа што сме го сонувале и се прашуваме од каде такво сценарио во нашата глава, сепак секој сон има симболика и поврзаност со вашиот живот.
Затоа, наместо што побрзо да го заборавите ваквиот сон, размислете што би можел да значи и да симболизира.
Порака од соништата кои се повторуваат
Често сонувате еден ист сон? Тоа е најчесто сон кој ви носи решение за некој актуелен проблем.
Анализирајте што се појавува во тој сон, како тој сон прави да се чувствувате, дали некој во тој сон е прикажан во негативна конотација иако ви е вам драг?