Симнал 100 килограми и сега вреди милиони
Фогле е еден господин кој пред 15 години почнал да се храни исклучиво во ланците за брза храна и да пие по 15 лименки газиран сок на ден.
Нормално, како последица од тоа, неговата тежина почнала нагло да се зголемува, па по одредено време достигнал тежина од 200 кг. Тогаш сфатил дека неговото здравје е загрозено и решил да ослаби.
Диетата ја започнал сосема случајно, кога една вечер влегол во сендвичарa на „Subway“ сместена крај неговиот студентски дом и нарачал мисиркин сендвич без мајонез и кашкавал, а за вечера си купил вегетаријански сендвич.
Од тој ден, решил дека ќе го јаде истиот оброк постојано и ќе чека да види дали ќе има некаков резултат. Газираните сокови ги заменил со диетални.
Верувале или не, тој се хранел со оваа еднолична храна цели 11 месеци и успеал да симне повеќе од 100 кг. Тој вели дека никогаш не му здодеало од истиот вкус на сендвичите, но и дека понекогаш му недостигал вкусот на пица и чизбургер.
Веста за оваа негова трансформација за кратко време се раширила преку студентското списание, а фотографијата на која тој ги покажува фармерките со обем на струк од 150 см го привлекла вниманието на локалните медиуми.
Наскоро, тој бил повикан од менаџментот на „Subway“, а неколку недели подоцна во емисија го поканила и Опра.
Од тогаш, па до денес Фогле снимил над 300 реклами за „Subway.“
Така, студентот кој пред 15 години бил смешен буцко, денес вреди 15 милиони долари. Мисиркиниот сендвич со кој се прослави, го јаде сè уште по неколку пати во неделата и нормално не го плаќа.
Фогле основал здружение каде им помага на децата во битката со килограмите.