Бабичка доби 90 гајби пиво за роденден
Една симпатична бабичка од Белгија, по име Берта Де Бот која живее во околината на Брисел, го прославила нејзиниот 90 роденден, а на подарок доби 90 гајби пиво.
Веројатно мислите дека ова е необичен подарок за една стара, слабичка и изнемоштена дама, но тоа не е обична бабичка како сите други. Тоа е бабичка која обожава да пие пиво и го консумира целиот живот. Можеби токму во тоа лежи тајната на нејзината долговечност.
Баба Берта за еден локален весник изјавила дека денот не и поминува без да испие 15 пива.
Овој магичен пијалак го открила на свои 17 години, кога во една прилика останала сама дома. Понесена од неговиот вкус, од тој ден па во наредните 7 децении баба Берта и пивото се најдобри пријатели.
Оваа бабичка не се смета себе си за алкохоличар. Никогаш не пие наутро, а ако сака, без проблем може да апстинира. Нејзината чудна навика предизвикува загриженост во нејзиното семејство и чудење кај нејзиниот доктор, но таа нема намера да се откаже.