Прекрасно езеро отровно како варикина
Веќе десетици години капачите се привлечени од азурната боја на водата на езерцето „Сина лагуна“, езеро кое се создало на место каде порано постоел каменолом.
Но, она што многумина не го знаат е фактот дека наспроти преубавата азурна боја, ова езеро крие мрачна тајна – отровно е скоро колку и варикина!
Но, и покрај поставените табли со предупредување дека водата во езерото е отровна, сепак некои ги занемарувале и влегувале да се искапат, мислејќи дека невозможно е ваква убавина да биде штетна.
Токму затоа, локалните власти во Дербшир, Англија, превзедоа драстични мерки и ја обоија водата на езерото во црна боја.
„Бојата на водата е навистина преубава и луѓето не ја поврзуваат со опасноста која таа ја крие. Затоа ја обоивме во црно. Редно е луѓето да се освестат дека не се на Бахамите, туку на опасниот Харпур Хил.“ – вели претставник на локалната власт.
Убавата вода на езерото е резултат на калциум оксид кој останал на ова подрачје, откако каменоломот е затворен, а властите со години мака мачат да ги спречат луѓето кои доаѓаат да се капат, во својата намера.
Водата од езерото не смее да се издренира, бидејќи е опасно ваква вода да се излее на било кое друго место.