Шокантна реклама: Трудни момчиња во борба против несакана бременост
Градскиот завод за јавно здравје на Чикаго, сними контроверзна реклама чија цел е да ја подигне свеста кај тинејџерите и да ја спречи несаканата бременост.
Рекламата е направена со помош на дигитална манипулација, па сите актери кои се појавуваат, се всушност момчиња кои се бремени!
Од заводот за јавно здравје објаснуваат дека рекламата е намерно вака изработена, бидејќи на овој начин секој ќе ја погледне и ќе ја запамети.
Веднаш по рекламата низ целиот град се појавиле плакати со овие трудни момчиња, со порака која гласи:
„Неочекувано? На поголемиот број тинејџери бременоста им е неочекувана. Избегнете ја непланираната бременост и сексуално преносливите болести. Користете кондом.“
Што мислите вие за оваа несекојдневна реклама?