Едноставна и вкусна торта од јагоди

Додека трае сезоната на јагоди, не пропуштајте да ги набавите и да ги јадете живи, да си направите шејк од јаготки, да ги додадете како декорација на некој десерт или да направите вкусна торта.

ednostavna-i-vkusna-torta-od-jagodi-1

Потребно

Tесто:
5 jajцa, 200 гр шеќер, 250 гр брашно, 150 мл масло, 150 мл цеден сок од портокал и малку сол.

За прелив:
200 гр јагоди, 100 гр шеќер

Фил:
500 гр јагоди, 2 лажици шеќер, 1 кесичка желатин.

Фил за декорација:
300 мл слатка павлака

Начин на подготвување:

500 гр јагоди пресечете ги на четвртинки и посипете ги со 2 лажици шеќер. Оставете ги да постојат во фрижидер додека не пуштат сок.

Прелив: 200 гр јагоди изгмечете ги и додајте им малку шеќер по вкус. Варете ги околу 10 мин додека смесата не стане изедначена, а потоа оставете ја на ладно.

Тесто: Јајцата и шеќерот изматете ги убаво за да добиете кремаста смеса, а во нејзе полека додавајте масло и сок од портокал, за на крај да го помешате со брашно. Печете на 180 степени околу 25 минути. Тестото мора да биде малку поцврсто испечено, зашто во него не се додава пециво. Кога испеченото тесто ќе се олади, пресечете го на пола и средината намачкајте ја со сварениот и оладен прелив.

На горниот дел на колачот се редат јагодите, а во сокот кој ќе ви остане додајте 2 – 3 лажици вода и прелијте преку јагодите, за да се натопи и тестото.

Спремете го желатинот според упатството на кесичката и прелијте ги јагодите и десертот е спремен за јадење.

Уживајте!

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg