Зошто да не барате совет од маж?

Ако сте се запрашале зошто сите жени кога имаат проблем најчесто  бараат совет од пријателките, а не од пријателите, ви препорачуваме да го прочитате советот кој една жена го доби од психологот (маж) кој пишува за еден англиски магазин.

zoshto-da-ne-barate-sovet-od-maz-1

Драг Џон

Се надевам дека ти ќе можеш да ми помогнеш. Пред некој ден, како и обично заминав на работа, а маж ми остана дома да гледа телевизија. Меѓутоа, автомобилот ми се расипа веднаш по тргнувањето и морав да се вратам назад во куќата и да го викнам сопругот да ми помогне. Кога влегов дома, не можев да им поверувам на сопствените очи! Тој беше во кревет со ќерката на соседите!

Имам 32 години, а мојот сопруг 34. Ќерката на моите соседи има 19 години. Во брак сме 10 години. Кога се соочив со него ми призна дека има секс со таа девојка веќе шест месеци. Не сака да оди на советување, а јас се плашам дека ќе се распаднам и итно ми треба вашата помош. Ве молам помогнете ми.

Искрено, Шила


Драга Шила

Ако автомобилот се расипал само по кратко возење, можно е да има некаков проблем со моторот.

Најпрво провери дали е се во ред со делот кој е задолжен за гориво. Ако е тоа во ред, провери ги вакуум цевките и провери ги жиците. Ако ни ова не помогне, можеби е расипана пумпата за гориво, па горивото не стигнува до моторот.

Се надевам дека ова ќе ти помогне.

Џон

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg