Дедо Добри - просјакот кој донираше 40.000 евра за црквите
Дедо Добри од Бајлово, Бугарија или Праведникот од Бајлово – како што го знаат локалните мештани е просјак.Тој е мило старче кое го има изгубено слухот за време на Втората Светска Војна и кое по цели денови седи пред разни цркви и манастири и трпеливо ја пружа раката кон сите добронамерни луѓе кои доаѓаат да се помолат.
Но, тој не проси за себе. Во изминативе години секоја паричка што успеал да ја собере, ја донирал на црквите и манастирите во Бугарија, на кои им треба реставрација. Така, се вели дека до денес има донирано околу 40 000 евра!
Дедо Добри живее подалеку од градот и секој ден пешачи за да стигне до некоја од црквите. Носи стари, искинати алишта, а со долгата бела коса и брада и очи од кои зрачи добрина, навистина потсетува на светец. Јаде само она што ќе му го дадат од црквата и минувачите и не бара ништо повеќе.
На сите кои ќе му остават париче, им ги бакнува дланките и ги убедува дека направиле добро дело – тие дале за Бог, а тој се грижи за сите нас и ќе ни помогне.
Особена слабост му се децата кои многу ги сака, а и тиe му ја возвраќаат љубовта.
Ова старче денес има 99 години и сè уште неуморно талка низ улиците, шири љубов и не потсетува дека постојат и добри луѓе.