Девојче заработи одлична казна заради исмевање на пријателите
Можеби оваа казна е една од најсуровите за десетгодишно девојче кое веќе одредено време ги исмевала своите пријатели и соученици. Таа од тогаш е приморана да носи смешна облека која нејзината мајка и ја купува.
Мајката на Кајли се одлучила на ваков тип казна откако дознала дека нејзината ќерка ги исмева сите што носат износена и стара облека.
Некои од дечињата дури и не сакале да одат во училиште заради приказните и навредите на Кајли. Тоа е навистина штетно за нив, па затоа нејзината мајка се решила на овој паметен чекор.
Имено, таа прво се упатила во продавница со стара и износена облека и за 50 долари и ги купила најсмешните парчиња кои постоеле.
Кајли раскажала како најпрво плачела кога ја видела облеката која ќе мора да ја носи и дека и било многу тешко кога токму таа станала мета на навреди. Меѓутоа, барем потврдила дека ја научила лекцијата.