Подгответе Раванија

Од ризницата на стари и добро рецепти кои вреди да се пробаат ја издвоивме раванијата . Подготовката е едноставна и брза, слободно пробајте и споделете го искуството.

podgotvete-ravanija

Сосотојки:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 1 ванила
  • 8 лажици гриз
  • 4 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • Корка од еден лимон


Шербет:

  • 600 грама шеќер
  • 600 ml вода
  • сок од еден лимон


Подготовка:

Изматете ги жолчките со шеќерот и ванилата, додајте го измешаното брашно со гризот, прашокот за печиво и изренданата корка од лимон. Изматете ги белките па додајте ги на претходната смеса. Тавчето за печење намачкајте го со путер, посипете го со брашно и во него ставете ја смесата за раванија. Печете на 200 степени 20 минути. Раванијата полејте ја со сварениот шербет. Изладена раванија - топол шербет.

На здравје!

Би можело да ве интересира:

Како да им дадете „втор живот“ на старите перници? Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одл...
Детали од секојдневието на Бразилците што ќе ве зачудат Доцнењето им е најнормално нешто, а трагите од сончање се знак за убавина – како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg