Направи сам - Тренди алка од безопасни
Пролетта и летото се сезони кои едноставно обожаваат експлозија од бои и шаренило. Што пошарено и поразиграно – тоа подобро. Доколку и вие сте љубители на неонски и силни бои, а сакате да бидете во тренд и ова лето, продолжете да читате.
Ви нудиме предлог – идеја како сами да си направите алка од безопасни, која ќе одговара во секоја комбинација која ќе се одлучите да ја облечете.
За да направите ваква алка ви е потребно:
- едно пакетче со безопасни – околу 50 парчиња (големината е по ваша желба)
- макара со тенко ластиче
- ситни, округли монистра со боја по ваш избор
Постапка:
Изберете монистра во разни бои, по избор и 50 безопасни. На секоја безопасна одделно наредете по неколку монистра и закопчајте ја. Продолжете со нижење, додека не ги пополните сите безопасни.
Две парчиња ластик, протнете низ горните и долните отвори на безопасните и врзете ги краевите еден за друг во чвор.
И вашата среќна алка е спремна за излегување!