Харизматичниот, распеан пар - Хит на интернет
Харизматичниот брачен пар Will и Monifa Sims станаа планетарно познати за неколку дена откако воодушевија со својот настап на бензинска пумпа. Мора да признаеме дека овој прекрасен пар има многу повеќе вокални способности од многу кои се обиделе во музиката, а не им изостануваат и танцувачките способности.
Ако на тоа го додадеме фактот што се неверојатно слатки, не е ни чудо што лично Jay Leno ги повика во своето шоу.
Оние кои сè уште не го погледнале ова видео еве за што стануваше збор. Додека купувачите точат гориво на бензинска пумпа, од телевизискиот екран им се обраќа лажен водител и почнува да разговара со нив.
Додека повеќето луѓе тотално се избезумуваат, Will Sims не се предаде лесно, па одлучи да запее.
За себе вели дека е дете на ’80-тите па затоа ја одбра „Livin on a prayer“ од Bon Jovi.
Мonifa за цело време се смееше, но подоцна одлучи и таа да запее и ја одбра „Sweet dreams“ од култните Eurithmics.
Но, да не должиме, погледнете сами како изгледаше тоа.