Мал стан претворен во креативен рај
Млада студентка по дизајн од Њујорк ја искористила својата креативност и од својот изнајмен стан од 30 метри квадратни направила навистина шармантна оаза со еклектичен стил.
Малиот стан во Менхетен е опремен навистина одлично, земајќи го во предвид фактот дека се користени исклучиво стари парчиња мебел, купени од пазар.
Дел од тајната на шармот кој овој стан го поседува е токму во тоа што сопственичката е секогаш доследна на својот стил и замисла. Ги отфрла триковите и советите за уредување на минијатурни станови и се држи до својата идеја.
Според нејзиното признание, таа купува парчиња мебел и сувенири кои и се допаѓаат, внимателно одбирајќи многу контрастни и креативни нешта.
Погледнете како изгледа овој прекрасен склоп на креативното и поволното.
Уште 10 фотографии на следната страна...