Средбата по 40 години ги одвела пред олтар
Двајца млади пријатели кои не се виделе ниту слушнале преку 40 години, повторно се сретнале благодарение на Фејсбук. Повторната средба разбуди емоции кои не одведоа до олтарот, раскажуваат двајца речиси 70-годишни маж и жена.
Приказната започнала кога Жао Крисостомо и Вилма Крацун се запознале во 1971 година во Лондон, благодарение на неговата тогашна вереница. Брзо се спријателиле со Вилма која токму тогаш се преселила во Лондон од поранешна Југославија.
- Беше прекрасна млада дама. Зрачеше со радост и во тоа време ја сметав за навистина добра личност и уште подобра пријателка. И беше само тоа - пријателка - изјавил 68 годишниот Жао.
Тој се оженил и одселил во Њујорк, но сакал да го одржи пријателството со Вилма. Безуспешно, бидејќи секое писмо кое го пишувал му се враќало. Безуспешни биле и сите негови обиди да ја пронајде Вилма од тогаш, па се до денес.
Неговиот брак се распаднал уште во 1997 година, а на денот на заљубените во 2011 година неговата бивша свекрва му се јавила со известување дека ја пронашла Вилма на Фејсбук.
Жао дознал дека Вилма од 1979 година живее во Париз и од неодамна станала вдовица. Во истиот момент тој се упатил кон градот на љубовта.
- Кога ме прегрна, срцето ми застана. Можеби се гледавме со очите на младоста, па затоа почувствував нешто необјасниво – признала Вилма која истиот ден ја прифатила понудата за брак.Овој пар се венчал на 20 април.
Вака денес изгледаат овие две млади заљубени души кои упорно се обидуваат да го надоместат времето кое го минале разделени.