7 совети за посреќен живот

Животот е еден и колку и да звучи излитено, вистина е дека треба да го живееме најдобро што умееме. Да, точно е дека носи многу проблеми; да, точно е дека понекогаш е претешко да се избориме со нив, но исто така мора да знаеме дека немаме апсолутно ништо од тоа ако ја наведнеме главата и потонеме во депресија.

7-soveti-za-posrekjen-zivot-1

Проблемите се исти за сите луѓе на светот, без разлика дали се сиромашни или богати, црни или бели, од една или друга вера... Во тоа сме сите исти, но не знаеме сите исто да се носиме со нив.

Многумина се предаваат, паѓаат на првата пречка, се откажуваат од луѓето кои им значат, отстапуваат од своите соништа, само затоа што нешто тргнало наопаку.

Затоа, од денес свртете нова страница, ако треба започнете и нова книга, „наведете ја водата на својата воденица“ и ајде во нови победи.

Еве неколку животни мудрости кои ќе ви бидат патоказ ко ново утре.

7-soveti-za-posrekjen-zivot-2

Фокусирајте се не сегашноста

Ако се фокусирате само на денешниот ден, ќе се поштедите од многу стресови, а расположението  и продуктивноста ќе ви бидат на повисоко ниво. Нормално, морате да ја планирате и иднината, но прекумерното размислување може само да ве заплетка во страв и очекување на непознатото. Изградете си навика да се фокусирате на моментот, а за иднината размислувајте само кратко време во текот на денот.

Соочете се со препреките

Најлесно е да седите и да ги замислувате сите страшни работи кои би можеле да ви се случат, но тоа најчесто се само негативни мисли кои се раѓаат во вашата глава бидејќи вие го дозволувате тоа. Постои непишано правило според кое повеќето од препреките сме способни да ги совладаме, ако се потрудите. Размислете добро, направете истражување и добар план како нешто а постигнете и не дозволувајте да паднете во замка на црните мисли.

7-soveti-za-posrekjen-zivot-3

Потрудете се да го сфатите светот околу себе

Разговарајте со луѓето, читајте книги, проверете на интернет и ќе забележите како стравот и анксиозноста полека исчезнуваат. Кога ќе разберете што всушност ви се случува и кога ќе видите дека не сте единствените, проблемот и не изгледа толку страшен.

Пронајдете ги добрите страни на проблемот

Може изгледа чудно, но проблемите ни овозможуваат подобро да се запознаеме себе и да се развиеме како личност. Нека не ве обесхрабруваат препреките во животот, бидејќи секогаш каде што има проблем има и нова можност. Ако се сконцентрирате на проблемот, нема да ја видите можноста што можеби ви е пред носот.

Внимавајте што изговарате

Немојте ниту да зборувате, ниту да мислите негативно. Користете зборови како надеж, верба, победа... Ваквите зборови имаат голема моќ. Ако зборувате лошо, така и ќе се чувствувате, а ако зборувате добро и вашиот однос кон животот ќе се промени.

7-soveti-za-posrekjen-zivot-5

Не се залетувајте

Луѓето кои имаат вистинска цел, пристапуваат полека, но сигурно. Немојте неуспехот на едно поле во животот да се обидувате да го прикриете со изнасилен успех на друго поле. Тоа често доведува до пад и незадоволство од себе.

Учете од туѓите грешки

Нашите грешки се добри, бидејќи не учат на нешто вредно, но научете да ги анализирате и туѓите. Не мора се да искусите на сопствена кожа, за да знаете што треба, а што не треба да правите. Па, често ако некој ви каже дека некоја работа не е добра за вас, тоа е затоа што можеби тој/таа веќе поминал низ истото. Послушајте.

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg