Мали нешта кои ќе ве направат посреќни

Малите работи кои на многумина им изгледаат неважни, всушност ја даваат суштината на нашиот живот. Затоа, користете го секој момент да направите нешто што ќе направи да се чувствувате бар за кратко посреќни вие ли некој ваш близок.

mali-neshta-koi-kje-ve-napravat-posrekjni-2

Делете комплименти

Настојувајте секој ден да упатите по некој комплимент на личност од вашата околина. Никогаш не можете да знаете колку еден обичен збор може да разубави нечиј ден. Дали некогаш вие сте имале ден кога сте се чувствувале грозно и токму тогаш некој ве пофалил за вашиот изглед? Сетете се како во тој момент веднаш ви се подобрува расположението. Затоа  не чекајте, кажете некој убав збор и со тоа освен што ќе развеселите некого, ќе се чувствувате одлично и вие самите.

Вежбајте

Вежбањето и било која друга физичка активност помага да се чувствуваме подобро. Тоа не значи дека секој ден треба да одите во теретана или на трчање, туку доволно е половина час да одвоите за прошетка низ парк или да се повозите со велосипед. Никогаш немојте да гледате на тоа како губење на време, бидејќи и најмалата активност позитивно влијае н авашата психа и физичко здравје.

mali-neshta-koi-kje-ve-napravat-posrekjni-1

Пробајте нешто ново

Нешто ново, не мора да биде нешто големо. На пример можете да пробате нов вид на кафе или наместо вообичаената патека, да се вратите од факултет по некоја нова, неиспробана патека. Можеби не ви звучи многу возбудливо, но пробајте и ќе видите како тие работи даваат нови перспективи и отвораат нови можности.

Сторете нешто добро секој ден

Да правите нешто од љубезност е најдобрата работа која може да ја правите. Да давате, а при тоа да не барате ништо за возврат е скапоцено само по себе. На пример отстапете место во автобус на некој постар од вас и ќе видите како ќе бидете задоволни сами со себе и со стореното, а истовремено луѓето од околината ќе знаат да го ценат тоа.

mali-neshta-koi-kje-ve-napravat-posrekjni-3

Смејте се

Смејте се и кога не ви е до смеење. Секој ден носи и причина за смеење. Смеењето е добро за вашата душа и тело, а воедно е заразно и се шири како вирус. Па почнете со ширење на позитивна енергија!

Бидете благодарни

Најдобар начин да бидеме задоволни секој ден е да се заблагодариме за она што го имаме. Заблагодарете се што сте живи, здрави, што имате пријатели, семејство, љубов... секој има причина да биде благодарен. Понекогаш не размислуваме за работите се додека не ги изгубиме. Дури тогаш сфаќаме колку ни биле важни и колку малце сме ги ценеле.

mali-neshta-koi-kje-ve-napravat-posrekjni-5

Кажете некому дека го сакате

Можете ли да го опишете чувството кога некој ќе ви каже дека ве сака? Без разлика дали е тоа момчето, девојката, вашиот татко, баба или брат – чувството е незаменливо! Тогаш зошто да чекате посебен повод за да кажете дека некого сакате? Сторете го тоа денес!

mali-neshta-koi-kje-ve-napravat-posrekjni-4

Планирајте го вашето утре

Ова ќе ви го олесни животот во голема мера. Ако имате многу обврски, пробајте да направите план за наредниот ден. Тоа не мора да биде некој строг план, но сепак ќе ви помогне да се организирате. Најбитно е што нема да го трошите времето на некорисни работи, а со самото тоа ќе се чувствувате одлично. Запомнете, сите успешни луѓе имаат план на работа!

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg