7 докази дека патувањето низ времето е можно
Патување низ времето и временски машини се едни од главните и омилени теми во научната фантастика, но дури науката вели дека тоа сепак не е возможно. Како и за секоја теорија, има и такви кои веруваат дека ние се уште не знаеме доволно за тоа што претставува времето, а и вселената не ни е доволно проучена, па затоа не би требало сосема да ја исклучиме веројатноста за патување низ времето.
Некои од следбениците на теоријата, истражувале и како што велат самите, наишле на непобедливи докази дека не само што е можно да се патува низ времето, туку дека можеби токму ние сме се сретнале некогаш во животот со временски патник.
Да видиме какви сè докази постојат...
Швајцарски часовник
Во декември, 2008 година, екипа кинески археолози отвориле една гробница која наводно била запечатена повеќе од 400 години, Но, се изненадиле кога во гробницата нашле предмет кој го опишале како мал метален часовник, чии стрелки покажувале 10:06.
Уште почудно било тоа што на неговата позадина било изгравирано „Swiss“, а часовникот изгледал како навистина да поминал многу време во гробницата, многу подолго отколку што постојат швајцарските часовници како бренд.
По овој пронајдок, дури и најголемите скептици се замислиле, а тоа што часовникот бил толку мал го припишале на можноста тој да се смалил како резултат на патувањето низ времето.
Фотографија од музејот
На една фотографија која е изложена во еден канадски музеј, а на коај е овековечен моментот на отворање на мост во Британска Колумбија во 1940 год, има еден интересен детаљ кој јасно отскокнува од фотографијата.
Имено, во морето од луѓе, забележано е едно момче со очила за сонце и облека која драстично отскокнува од облеката на останатите.
Тоа ги наведе аналитичарите да помислат дека станува збор за временски патник, дојден од иднината, што можеби е логично бидејќи момчето навистина изгледа модерно.
Мобилниот телефон од 1928 година
На едно DVD кое содржи додатоци од филмот на Чаплин „Циркус“ снимен 1928 година, се наоѓа и видео запис од премиерата на овој филм. Тоа и не би било толку необично ако во еден кадар не се појавеше жена која изгледа како да зборува на мобилен телефон!
Дали навистина се работи за мобилен телефон или некое друго средство за комуникација или пак жената држи нешто сосема друго во раката, проценете сами.
CD од 1800 година
Илустрација нацртана во почетокот на 1800 наводно е доказ на уште едно патување низ времето, затоа што на неа е прикажан маж кој на своето друштво му покажува кутија со CD дискови.
Бидејќи ерата на CD дисковите помина, се смета дека овде некој од раните 2000 или 1990, отпатувал во почетокот на 19 век, за да ги импресионира луѓето со својата колекција и на сè уште неутврден начин засекогаш оставил белег во историјата.
Детенцето на Gettysburg
Andrew D. Basig тврди дека во 1970 година бил дел од еден таен воен експеримент кој го истражувал патувањето низ времето, па на тој начин се нашол на чуениот говор на Линколн во Gettysburg.
Како доказ за ова искуство посочува една фотографија која наводно е направена токму за времето на говорот, а на која се гледа едно дете на полјаната, за кое Andrew тврди дека е лично тој.
Овој човек освен тоа, тврди дека дури и американскиот претседател Barac Obama бил патник на Марс во 1980 година.
Rudolph Fentz
Овој човек мистериозно исчезнал 1876 година, а уште помистериозно се појавил 74 години подоцна во Њујорк, каде што според некои очевидци, едноставно се материјализирал сред улица. Момент после тоа, бил удрен од автомобил и така никој не успеал од прва рака да дознае што всушност се случило.
Полицијата по истрагата го идентификувала настраданиот, а овој временски патник се претворил во урбана легенда.
И не спомнавме, Rudolph Fentz не бил ни ден осатрен кога се појавил 74 години подоцна. Се запознал самиот себе, многу постар.
Hakan Nordkvist тврди дека 2996 година патувал низ времето, а сè започнало кога тој се вовлекол под лавабото и завршил во иднината, каде се видел себе си, постар за 70 години.
Неверојатното искуство го снимил со камера за да приложи доказ, а за разлика од просечните луѓе кои сметаат дека ова е лага, ни еден научник сè уште го нема отпишано. Малку повеќе за овој човек ќе дознаете од видеото подолу.