Што открива ракописот за вас како личност?

Дали знаевте дека начинот на пишување кај човекот може да открие повеќе од 5000 различни лични особини? Еве неколку интересни ситници околу начинот на кој пишувате и што тие поточно откриваат за вашата личност.

sto-rakopisot-otkriva-za-vas-001

Пишувањето на косо на десно открива дека сте отворена личност и сакате да се дружите со многу луѓе, додека пишувањето на лево значи дека сакате да ги правите нештата сами и да се живеете исклучиво во својот свет.

Ако пишувате со десната рака и вашиот ракопис оди повеќе накај левата страна, вие сте роден бунтовник во душата. Луѓето кои пишуваат закосено, генерално се логичари и практичари кои пазат со кој ги делат емоциите.

Доколку додавате јамки на буквите, како на пример кај буквата Л, се работи за личност која е оптеретена со нешто и се воздржува од многу работи во животот. Било која искривена модификација на буквата Е значи дека сте скептични и емоционалните аргументи кај вас немаат иста тежина како рационалните.

Големината на буквите исто така игра огромна улога за откривање на вашата личност. Големите букви укажуваат дека имате потенцијали да постигнете големи нешта во животот. Можеби токму затоа повеќето славни и успешни личности имаат крупен ракопис. Исто така, сакате да бидете во центарот на вниманието и да се дружите.

Малите букви пак, укажуваат на спротивните особини. Оние кои имаат ситен ракопис се срамежливи, но имаат голема концентрација и лесно се справуваат со извршување на задачите.

Каков е вашиот ракопис, а какви вашите лични карактеристики?

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg