Како кобрата им помогна на две кученца
Жителите на едно село во индиската држава Пенџаб, биле сведоци на еден несекојдневен настан кога две мали кутриња паднале во скоро пресушен бунар. Мајката на кученцата веднаш се стрчала кон бунарот и откако погледнала внатре, вознемирено почнала да лае, со што го привлекла вниманието на сопственикот. Човекот се упатил кон бунарот и кога погледнал, имал што да види: На дното на бунарот, веднаш до кученцата имало огромна кралска кобра!!!
Најпрво тој бил преплашен дека змијата ќе ги повреди кученцата, но наскоро сфатил дека таа не претставува закана. Всушност се чинело дека кобрата се грижи за кученцата, со тоа што не им дозволувала да поминат на другата страна на бунарот, каде имало вода и можност тие да се удават.
Така кобрата и двете мали кученца поминале цели 48 часа заедно, на дното на бунарот. Кога конечно пристигнала екипата за спасување, кобрата мирно се повлекла на другиот крај на бунарот и кученцата биле безбедно извадени. Потоа, спасена е и змијата и ослободена во шумата.
Овој настан нè тера да се замислиме како и едно од најопасните и најсмртоносни суштества на земјата знае што е соживот и помош во тешки моменти. За жал, излегува дека човечката раса е далеку зад рептилите во овој поглед...