Кој би поверувал дека ова се само слики?
Можеби Oscar Wilde би се одрекол од својата позната изрека „Животот ја имитира уметноста многу повеќе, отколку уметноста животот”, кога би имал прилика да ги види овие фрапантни дела на австралискиот уметник Robin Eley.
Работејќи по цели денови и ноќи, по 90 часа во неделата на само една од ваквите слики, тој се обидува да ни ја претстави се поголемата изолираност на поединецот во однос на општеството, така што ги завиткува субјектите во проѕирна пластика.
Симболиката на пластиката како што вели уметникот е всушност невидливиот ѕид што секој од нас го гради околу себе, плашејќи се да не биде повреден.
„Низ пластиката можете да видите, но не можете да почувствувате” – вели Robin.
Сликите се изработени во техника – масло на платно, а ние може да заклучиме дека овој уметник има навистина дебели нерви, мирна рака и око за детали. Неверојатна вештина!