Пролетни промени во домот кои нема да ве чинат многу

Пролетната сезона е почеток на шаренилото, светлите нијанси и разнобојните принтови. Уживајте во светлината и боите во својот дом кој за многу брзо време можете да го освежите од зимското сивило. Најдобро е што за овие декорации и промени нема да ви бидат потребни многу пари, но неопходна е голема креативност.

proletni-promeni-vo-domot-koi-nema-da-ve-cinat-mnogu-01

Постепено започнете да се подготвувате за топлите денови со помош на следните неколку идеи.

Променете ги завесите - Исфрлете ги темните завеси кои ви стоеја затворени цела зима. Одберете нови памучни и шарени завеси чиј принт ќе го одвлекува вниманието. За дневната соба одлични се завесите со цветна шара или пак во ситни пруги и коцки.

Држете се до цветните мотиви – Покрај цветните завеси, одберете пернички или навлаки за мебелот со различна шара. Секогаш внимавајте како ги комбинирате боите, и покрај тоа што се препорачува да создадете уникатно шаренило.

proletni-promeni-vo-domot-koi-nema-da-ve-cinat-mnogu-02

Искористете го вишокот мебел – Старата фотелја која никако не можете да ја вклопите во дневната соба или пат мекиот двосед кој го затвора погледот на прозорот изнесете го надвор. Терасата ќе добие нов изглед, а внатрешноста на домот ќе има повеќе простор и светлина.

proletni-promeni-vo-domot-koi-nema-da-ve-cinat-mnogu-01 1

Монохроматски принт – Покрај цветовите, одберете некој детал кој одлично ќе изгледа на празната полица или пак масичката во средина на собата. Кујната исто така украсете ја со многу шарени садови кои ќе ги изложите, наместо да ги криете по шкафчињата.

Собно цвеќе – Внесете ја пролетта во вашиот дом со многу свежи цвеќиња. Поставете ги во стаклени садови, со желе во шарена боја и разместете ги на сите празни масички кои ги имате низ домот.

proletni-promeni-vo-domot-koi-nema-da-ve-cinat-mnogu-03

Шарени камчиња и свеќи – Создадете романтична и топла атмосфера со многу ситни свеќички и шарени камчиња расфрлани измеѓу нив. Одлична декорација се стаклените чашките полни со камчиња во различни бои, а на врвот има мала свеќа.

proletni-promeni-vo-domot-koi-nema-da-ve-cinat-mnogu-04

Осветлете го домот – Ова е една бесплатна декорација која секогаш успева. Тргнете ги сите непотребни ролетни и завеси кои сметате дека само го затемнуваат просторот. Доколку имате големи прозорци со убав поглед во никој случај не ги покривајте и не ставајте мебел под нив.

Научете дека сè е во деталите и комбинирајте ги по свој вкус!

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg