8 приказни за животни кои ќе ви го скршат срцето

Неволјата иако неповикана, често знае да се појави во животот на луѓето. Но, ние не сме единствените што страдаат од несреќата. За разлика од нас, животните не можат да плачат и да се пожалат на болка, па често и најмала повреда за нив значи кобен крај. Протезите како решение кога ќе настапи инвалидност, се употребувале уште во времето на Египќаните, но неодамна почнаа да се произведуваат помошни протези и за повредени животинчиња кои во голема мера им го олеснуваат и продолжуваат животот.

8-prikazni-za-zivotni-koi-ke-vi-go-skrsat-srceto-01

Прочитајте за овие инспиративни примери за тоа како луѓето им помогнаа на неколку животни.

Орелот Убавец

8-prikazni-za-zivotni-koi-ke-vi-go-skrsat-srceto-2

Пред повеќе од три години белоглавиот орел наречен Убавец, беше застрелан од ловокрадци и изгуби дел од клунот. Тоа беше кобно за него бидејќи ја изгуби способноста да ја растргнува храната и доколку беше оставен сам на себе, сигурно ќе беше мртов.

Но, тим на волонтери заедно со инженерот Nate Calvin, потрошија околу 200 часа и конечно го дизајнираа новиот и комплексен клун на Убавец.

8-prikazni-za-zivotni-koi-ke-vi-go-skrsat-srceto-1

Сега тој повторно може да биде пуштен во дивината и сам да го лови својот плен.


Слонот Мотала

8-prikazni-za-zivotni-koi-ke-vi-go-skrsat-srceto-4

Тајланд е позната светска дестинација за одмор и атракции, но малкумина знаат дека во Тајланд постои специјализирана болница за слонови. На сликата подолу, можете да ја видите слоницата Мотола, која на 50 годишна возраст ја изгуби ногата, откако стапна на нагазна мина. Благодарение на посветените работници во оваа болница, таа за кратко време доби нова, вештачка нога со која непречено може да се движи.


Делфинот Фуџи

8-prikazni-za-zivotni-koi-ke-vi-go-skrsat-srceto-8

8-prikazni-za-zivotni-koi-ke-vi-go-skrsat-srceto-9

Во Окинава се повеќе посетители се собираат да го видат првиот делфин кој плива со помош на вештачка перка. Фуџи кој сега има околу 40 години, изгуби голем дел од опашот како последица на болест. Во 2004 година најголемиот производител на гуми во Јапонија дизајнираше вештачка перка, иработена од силикон, тапацирана со гума и засилена со карбонски влакна. Со новиот опаш, Фуџи повторно е атракција во аквариумот и може да ги изведува своите трикови.


Кобилата Рајли

8-prikazni-za-zivotni-koi-ke-vi-go-skrsat-srceto-3

Рајли била донесена во центарот за животни со намера да биде успиена, откако години нананзад страдала од повреда на задната нога, а ситуацијата се влошувала .

Сепак персоналот одлучува уште еднаш да проба да и го продолжи животот, такашто ќе и биде ампутирана ногата и заменета со протеза.

Сега Рајли закрепнува одлично. Може да оди, па дури и да трча низ ливадите со другите коњи.


Желката Тули

8-prikazni-za-zivotni-koi-ke-vi-go-skrsat-srceto-10

8-prikazni-za-zivotni-koi-ke-vi-go-skrsat-srceto-11

Оваа желка, стара 45 години ја изгуби предната нога откако стаорец и ја одгриза додека таа спиеше. Семејството кое ја чуваше како домашно милениче го реши привремено проблемот така што и прицврсти тркалце од играчка на местото на изгубената нога. Тим на ветеринари работи на тоа, Тули да добие специјално дизајнирано тркалце за да може повторно без проблем да излегува од нејзината школка и да се движи.


Мачето Оскар

8-prikazni-za-zivotni-koi-ke-vi-go-skrsat-srceto-6

8-prikazni-za-zivotni-koi-ke-vi-go-skrsat-srceto-7

Оскар преживеа навистина голема несреќа откако задрема во полето со пченки. Човекот кој жнееше во тој момент, за жал не го забележа на време и му ги отсече двете задни нозе со машината. Сопственикот на Оскар раскажува дека тоа било многу трауматично искуство за целото семејство и решиле да му ги скратат маките и да го успијат.

Но, ветеринарите откако му ја санирале повредата и му ги смириле болките, предложиле Оскар  да биде испратен на операција во Велика Британија каде ќе му се вметнат вештачки импланти – нозе.

Операцијата иако сложена, поминала одлично и сега Оскар повторно весело си игра со членовите на семејството и другите миленици во куќата.


Кучето Касиди

8-prikazni-za-zivotni-koi-ke-vi-go-skrsat-srceto-12

8-prikazni-za-zivotni-koi-ke-vi-go-skrsat-srceto-13

Касиди е мило кученце, сопственост на Стив и Сузан Посовски кое стана чудо на ветеринарната медицина, откако му беше ставен имплант – нога преку процес кој еден ден ќе може да се користи за да им помогне и на луѓето кои изгубиле екстремитет од било кои причини.

Касиди беше куче – скитник на улиците на Њујорк, кое веројатно ја изгубило ногата како последица на удар од автомобил. Неговата приказна ја следеше една телевизиска куќа и за кратко тој стана миленик на публиката, а доби и свој дом.

Тој беше изложен на комплексна операција од страна на тим ветеринари на државниот колеџ во Северна Каролина и прв кој доби ваков имплант. Денес Касиди е нормално кученце кое обожава да оди во долги прошетки со неговиот сопственик.


Штркот Узонка

8-prikazni-za-zivotni-koi-ke-vi-go-skrsat-srceto-5

Узонка е миленик во болницата за животни во местото Узон, која се наоѓа северно од Букурешт, Романија. Узонка беше нападнат од непознат човек и изгуби голем дел од клунот. Потоа, преживеа пет операции додека ја добие конечната верзија на неговиот вештачки клун со кој сега функционира нормално.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg