Сексот е одличен: Баба (67) се мажи за 29 годишен дечко
Пензионерката Џоан Лојд (67) од Абергејл, и Фил Абсолом (29) планираат да се венчаат. Тие велат дека се вљубени и родени еден за друг. Се запознале преку Фејсбук.
„Заљубени сме, а сексуалниот живот ни е фантастичен“ – вели пресреќната Џоан, чиј внук е неколку години помлад од нејзиниот сопруг. Разликата од 38 години не ја гледаат како пречка.
Првиот сопруг на Џоан умрел од тешка болест, а таа се грижела за него 15 години. Пред да почине тој и рекол дека мора да продолжи со својот живо и да најде помлад маж. И предложил да оди на естетска хирургија и да ги среди градите.
После невообичаениот естетски зафат, нејзината приказна стигнала до медиумите. Фил ја пронашол на Фејсбук и ја контактирал.
„Таа е неверојатна и јас сакам да го поминам животот со неа. И претходно имав врски со постари жени, но ниту една не беше како Џоан.“