13 трикови кои ќе ви заштедат време наутро

Ако сте едни од оние на кои постојано им недостасуваат неколку минути наутро, имаме неколку едноставни трикови со кои ќе си го олесните секојдневието. Ќе станете во исто време, ќе успеете да се напиете кафе, па дури и да ви останат неколку минути повеќе за да стигнете онаму каде што сте тргнале.

13-trikovi-koi-ke-vi-zastedat-vreme-nautro-01

Практикувајте барем дел од овие трикови и времето веќе нема да ви претставува проблем.

1. Наместо утринското пеглање, оставете ги работите на закачалка уште од вечерта.

2. Чувајте неколку безопасни во бањата, за секој случај ако некое копче пукне или некое здолниште ви се раширило околу струкот.

3. Проверете го времето уште од претходната вечер.

4. Ако имате доволно простор во спалната соба, издвојте ги парчињата облека кои најчесто ги носите на неколку закачалки за секогаш да имате што да облечете.

13-trikovi-koi-ke-vi-zastedat-vreme-nautro-1

5. Исто така, може и да си направите 5 комбинации за секој ден во неделата.

6. Подгответе си кесички со различни житарки и овошја за секое утро, за само да треба да ги измешате, без да се мислите што да појадувате.

7. А, ако подготвувате оброци за целото семејство, од вечерта размислете што најбрзо би направиле.

8. Направете си плеј-листа која што ќе биде долга онолку време колку што треба да се задржите дома. Кога последната песна ќе ја слушнете, време е да ги земете клучевите и да излезете.

9. Истуширајте се уште претходната вечер. Нема потреба да си кратите неколку минути сон, сите знаеме дека наутро има голема разлика од 7 до 7 и 30.

10. Подгответе си кесичка кафе на масата уште од претходната вечер.

11. Ставете ги клучевите на мобилниот или тефтерот кој нема шанса да го заборавите.

12. Користете козметика која има повеќе дејства. Кремата за изедначување на тенот е одлична подлога доколку немате време многу да се шминкате.

13. Ставете ги сите потребни состојки за енергетско смути, во блендер и во ладилник. Наутро само ќе треба да го уклучите и да го пресипете пијалокот во чаша.

13-trikovi-koi-ke-vi-zastedat-vreme-nautro-2

Би можело да ве интересира:

Храна, бензин: 11 трикови како да заштедите пари и платата да ви издржи до 1-ви „Дадете си задача еден месец да не фрлите ништо од храна. Кога бананите ќе почну...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg