30 работи кои мора да престанете да си ги правите себе си
Никогаш не дозволувајте другите да уживаат, а вие да сте незадоволни. Никогаш не ја ставајте туѓата среќа пред сопствената. Научете се да го правите она што ви причинува задоволство, а за сметка на тоа исфрлете ги секојдневните навики кои ве прават несреќни.
Ова се најпогрешните 30 навики од кои мора да се откажете.
1. Престанете да се дружите со погрешни луѓе. Животот е премногу краток за да го трошите времето на луѓе кои само ви ја трошат енергијата. Запомнете дека неопходни ви се луѓе кои ќе ви се најдат во најлошото, а не во најдоброто.
2. Престанете да бегате од своите проблеми. Напротив, соочете се со нив. Сигурно нема да биде лесно, но тие се појавуваат за да научите како да се соочите, да ја надминете болката и да се адаптирате на промените.
3. Престанете да се лажете себеси. Можеби ќе успеете да прелажете било кој друг, но себеси никако. Најважно е да бидете искрени со самите себеси, само така ќе ја постигнете среќата.
4. Никогаш не ги ставајте вашите потреби на второ место. Најчесто тоа го правите кога се губите себеси во љубовната врска. Да, задоволете ја и другата страна, но само ако и вие се чувствувате исполнето.
5. Престанете да се преправате во некој што не сте. Еден од најдобрите предизвици во животот е да се пронајдете себеси.
6. Никогаш не се држете до минатото. Таа е едната можност, а втората е да создадете нешто ново и посреќно. Изборот е ваш.
7. Не бидете исплашени од грешките. Секој успех е производ на многу грешки и падови кои сте ги надминале. Затоа, никогаш не жалете за работите кои сте ги направиле погрешно, туку за оние кои никогаш не сте ни пробале да ги остварите.
8. Не се казнувајте заради старите грешки. Сите ние се соочуваме со грешки, се бориме и човечки е да се покаеме. Но, секоја случка во вашиот живот е подготовка за нешто ново, затоа не се казнувајте за она што можеби утре ќе ви биде почеток на нешто ново.
9. Не се обидувајте да ја купите среќата. Никогаш нема да успеете.
10. Не ја барајте среќата во другите. Ако не сте среќни со она што сте, никогаш нема да бидете среќни со друг човек.
11. Престанете да идеализирате. Не мислете премногу, не си измислувајте проблеми кои воопшто не ни постоеле. Не може сè да биде идеално, помирете се.
12. Не ни помислувајте дека не сте подготвени, за било што. Никој не се чувствува 100 проценти подготвен сè додека не дојде вистинскиот момент.
13. Не влетувајте во врска од погрешни причини. Тие секогаш мора да ги избирате мудро. Научете дека понекогаш е подобро да си сам отколку со погрешен човек.
14. Не одбивајте нови можности затоа што претходните не успеале. Секој кој го запознавате во животот е нова шанса. Не ја пропуштајте шансата да доживеете нешто прекрасно само затоа што се исплашени од претходната.
15. Не се натпреварувајте со сите околу вас. Соборувајте ги своите лични рекорди, не туѓите. Успехот е борба со своите можности.
Уште 15 на следната страна...