Џастин го краде Владо Ѓeоргиев
Големиот хит на Владо Ѓеоргиев "Ne brže od života", кој е посветен на неговиот покоен пријател Небојша Савељиц, ја доживеа својата светска обработка.
Оваа нумера не само што доби светска обработка, туку доби обработка од никој друг, туку од Џастин Тимберлејк.
Неговата хит песна "Dead and Gone", која ја изведува заедно со американскиот рапер Ти-ај, премногу потсетува на нумерата "Ne brže od života" која пред 9 години Владо ја сними со Игор Лазиќ.
Двете песни започнуваат со раперски вовед, а и рефрените им се речиси идентични. Интересно е дека и тематиката на спотовите им е слична. Исто како што Владо и Игор пеат додека се возат во автомобил, тоа го прават и Џастин и Ти-ај.
Колку овие две песни наликуваат една на друго, одлучете сами.