Чоколадни бомбици со путер од кикирики
Ако сакате да се почестите со мало слатко задоволство, а немате идеја за нешто брзо и едноставно, испробајте ги чоколадните бомбици со крцкава внатрешност.
Состојки за околу 20 бомбици со средна големина:
- 1 шолја путер од кикирики
- Бисквити
- 50 грама чоколадни трошки, рендано бело чоколадо, ореви или пак бадеми ( по желба )
- 150 грама чоколадо
Подготовка:
Најпрво земете ги бисквитите и измелете ги ситно, сè додека не наполните една цела шолја и уште половина. Потоа измешајте ги со путерот од кикирики додека не добиете доволно сува смеса од која можете да обликувате бомбици.
Откако ќе ги направите, поставете ги во еден сад обложен со хартија за печење и оставете ги во замрзнувач околу 1 час.
За тоа време, растопете го чоколадото на пареа. Чоколадните трошки, ренданото чоколадо или оревите, што и да одбравте, ставете ги во помал сад.
Додека топчињата сè уште се замрзнати облејте ги со чоколадо, а потоа извалкајте ги во садот со состојката која ја одбравте. Можете да декорирате и со овошје, овошен прелив или пак рендани апетисани по желба. Оставете ги во замрзнувач уште 15тина минути, додека чоколадото не се олади.
Уживајте!