Шест типа незаменливи пријатели
Сите се подеднакво важни и сите се неопходни за да се чувствувате исполнето. Сепак, признајте дека секој пријател е различен и дека многу различни нешта очекувате од секој поединечно.
Ова се шесте типа на пријатели кои се едноставно неопходни во сечиј живот.
Пријателот од детството
Заедно го направивте првиот чекор. Заедно игравте, ги малтретиравте помалите од вас, ја делевте ужината и имавте исти играчки. Со него ги поминавте сите фази низ животот. Токму него можете гордо да го наречете пријател засекогаш. Реткост да го пронајдеш, но непроценливо богатство кога го имаш.
Вашиот советник
Ги знаете оние животни ситуации кои ве затекнуваат неподготвени и ве оставаат без одговор? Е тука настапуваат тие – пријателите советници. Тие секогаш ќе ве ислушаат и ќе ви дадат безброј совети за проблемите кои самите немате претстава како да ги решите.
Пријателот аниматор
Тој е секогаш насмеан и полн со енергија. Денот не ви тргна најдобро? Љубовни проблеми? Најмал проблем! Тие се секогаш спремни за авантури и за нешто ново. Во нивно друштво невозможно е да бидете нерасположени и во најтмурниот ден. Само следете ги и уживајте!
Пријателката која станала мајка
На радоста и нема крај! Со неа многу полесно ќе увидите дека обврските и не се секогаш здодевни или тешки. Нека ви послужи како пример за во иднина.
Пријател од спротивен пол
Иако многумина не веруваат во машко-женските пријателства, овој вид на дружба е возможна и бесценета. Тие се тука секогаш кога ви требаат, со нив немате никакви препреки и секогаш се чувствувате заштитено и разбрано.
Болно искрен пријател
На сите ни е неопходна личност која е искрена и рационална. Ваквиот пријател никогаш не е пристрасен, не се обидува да ја добие вашата љубов и симпатија бидејќи знае дека од него ја очекувате искреноста. Научете се да ги прифаќате критиките од овој пријател како што ги прифаќате прегратките од сите останати.