Кои се петте најчести сонови и што значат?

Луѓето отсекогаш се фокусирале на соновите и нивното значење. Со сигурност се знае дека она што го доживуваме додека спиеме има врска со нашата реалност и животот кој го водиме додека сме будни.

koi-se-pette-najcesti-sonovi-i-sto-znacat

Постојат многу начини да се протолкуваат соновите и најразлични соновници. Ќе се обидеме да го објасниме значењето на пет најчести сонови.

1. Полагате тест неподготвени
Стравот од проверка на знаење кога не сте подготвени, сте заборавиле да се појавите или едноставно не ги препознавате броевите, зборовите, буквите, тоа е нешто што се јавува уште од раната младост. Карактеристично е за разни луѓе. Актерите на пример, често пати сонуваат дека го заборавиле текстот или дека нема никој во публиката.

Толкување: Полагање на тест значи дека некој друг ве оценува. Го преставува вашиот страв од туѓото мислење. Исто така тоа е и страв од емотивно разоткривање.

2. Голи во јавност
Еден од највообичаените сонови. Некои чувствуваат срам затоа што шетаат боси, а некои одат голи.

Толкување:  Има врска со вашите морални вредности и срамот кој го чувствувате поради нешто. Нешто што сте направиле и поради кое ви е непријатно, па затоа имате разголени сонови.

3. Потера
Децата често пати имаат кошмари и тие главно се поврзани со некое бегање, потера од нешто лошо, чудовиште, вештерка... Вакви сонови може да имаат и возрасните.

Толкување: Ја открива психичката ранливост, стравот, препознавање на опасности со кои вашиот страв се соочува во реалноста.

4. Изгубен заб
Многу народни интерпретации се занимаваат со овој чест сон. Најчесто има негативна конотација и значи болест, тегоби и смрт. Ако не ве боли забот во сон, не е поврзано со некој близок.

Толкување: Овој сон може да биде и реална болка и непријатност која ја имате со вашите заби, а може да преставува и агресивност која сакате да ја покажете.

5. Огромен бран
На море сте и одеднаш ве заплискува најголемиот можен бран. Чест сон кај оние кои неодамна се избориле со некоја траума.

Толкување: Оние кои сонуваат дека се дават во бранот, многу тешко емотивно поднесле некоја случка од животот. Овој сон се однесува на емотивното преживување на случките. Слично толкување има и кога ќе се најдете сред земјотрес или пожар.

Би можело да ве интересира:

Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg