Девојачка вечер: Идеи за паметење
Со крајот на зимата и доаѓањето на потоплите денови, доаѓа и времето на венчавките, девојачките и момачките забави. Овој пат ќе се задржиме до девојачката забава и како да ја организирате најубавата вечер која вашата пријателка ќе ја запамети за цел живот.
Ако никогаш претходно не сте ја имале оваа одговорност, следниве неколку идеи ќе ви бидат од голема корист.
Пред да започнете утврдете го бројот на луѓе и направете точен попис за трошоците. Посветете неколку денови во пронаоѓање на совршената локација, датумот кој најмногу ќе ви одговара, како и сумата која ќе ја платите.
Тематските девојачки се одличен начин за прослава. Направете цела приказна, припремете храна и пијалоци согласно на одбраната тема и декорирајте го амбиентот.
Караоке девојачка – Ова е феноменална идеја за забава. Секоја девојка може да одбере по неколку песни кои мисли дека најдобро и “лежат” и забавата може да започне.
Изненадна девојачка – Организирајте забава, но никако не и кажувајте. Нека мисли дека ќе има мала вечера само со вас девојките, а всушност нека добие нешто спектакуларно.
Трудничка девојачка – Ако невестата е трудна, не сакате да седи и да ве гледа како се забавувате со коктели и камикази. Угодете и организирајте вечер каде што ќе има многу храна, многу егзотични десерти и неверојатно вкусни, а безалкохолни пијалоци.
Девојачко патување – Ако времето и финансиите тоа ви го дозволуваат, не двоумете се за да направите едно викенд патување. Одберете дестинација која знаете дека вашата пријателка отсекогаш посакувала да ја посети.
Секси девојачка – Доколку сте сигурни дека малку голотија нема да пречи никому, тогаш облечете се малку попровокативно. Подвезици, мини црни фустанчиња, високи потпетици... И никако не пропуштајте на невестата да и подарите секси долна облека за првата брачна ноќ.