Кој е бројот на вашата адреса? Пресметајте што означува!

Познато е како при изборот на куќата или станот нема многу случајности. Потсвесно  ги избираме нашите домови со причина, исто како што и бројот кој го носи домот си има свое значење.

sto-kukniot-broj-kazuva-za-vas-1

Нумерологијата за куќните броеви ја открива енергијата на личноста. Со само неколку едноставни чекори дознајте какви тајни се кријат зад бројот на вашиот дом.

Како да пресметате кој е бројот на вашиот дом?

Запишете го куќниот број и сведете го на само една цифра по следната постапка.

На пример ако вашиот број е 65, собирајте ги цифрите додека не добиете едноцифрен број.

6+5=11

1+1=2

Вашиот број е 2!

Ако живеете во стан каде што во вашата адреса има 2 броја, еден на улицата и еден на станот, бројот на станот е секогаш вашиот доминантен број, а бројот на улицата е секударен.

По истата постапка пресметајте го бројот на станот, а потоа бројот на вашата улица.

Бројот 1 претставува независност и нови почетоци. Означува голема индивидуалност. Ваши предизвици се секогаш недовршените проекти заради кои често пати самите се изолирате.

Предлог: Работете на добрите односи со другите.


Бројот 2
претставува брак, партнерство, добри врски, дарежливост, дипломатски односи и сочувствување. Предизвик може да ви биде претераната чувствителност или пак врзувањето за другите.

Предлог: Слушајте го внатрешниот глас, вклучете се во многу активности и дружете се. Излезете од светот во кои главна улога имаат најблиските.


Бројот 3
претставува чуда, отвореност, оптимизам, напредок, големи визии и богат друштвен живот. Можен предизвик се пребрзото ширење и црпење на личната енергија, исто како и ставот „уживај денес, плати покасно.“

Предлог: Останете максимално приземни и фокусирајте се на грижата за себе.


Бројот 4
претставува стабилност, лечење, волонтирање, помош за другите, објективност, реалност, исполнетост и задоволство на работа. Можни предизвици се стравовите дека работата може да ви стане доминантна во однос на животот.

Предлог: Одвојте доволно време за забава и обидете да балансирате во животот.

sto-kukniot-broj-kazuva-za-vas-2

Бројот 5 претставува промена, слобода, весел дух, возбуда, комуникација, патувања и романтика. Проблем може да претставува сè во што ќе претерате, и доброто и лошото.

Предлог: Кога донесувате одлуки одвојте доволно време. Бидете упорни за да ги остварите своите цели.


Бројот 6
претставува хармонија, рамнотежа, друштвена одговорност, големо семејство и креативност. Единствен можен предизвик и недостаток е повлеченоста и споредната улога во животот која ја имате.

Предлог: Пронајдете ја рамнотежата кога се работи за дружбата или работата. Потрудете се да запознаете повеќе луѓе и да искористите повеќе можности.


Бројот 7
преставува смиреност, внатрешна мудрост, светост, сонови и визии. Можни предизвици се делењето на просторот со други личности, поголемата посветеност на духовното отколку на материјалното и ќе имате чувство како никој не ве разбира.

Предлог: Искористете ја својата креативност за да најдете личности слични на вашата и спријателете се. Може да биде полесно отколку што звучи.


Бројот 8
претставува интегритет, изобилие во сите области, сила, водство, јавно признание и внатрешен мир. Можни предизвици се материјалните проблеми и егоцентричноста.

Предлог: Покажете малку повеќе благодарност, учете од лекциите во животот и размислувајте малку повеќе за туѓото добро.


Бројот 9
претставува хуманост, мудрост, дарежливост, сочувство и добра среќа. Можен предизвик е тоа што животот го гледате премногу општо, па понекогаш не ја насочувате правилно енергијата.

Предлог: Живејте ја вистината и бидете им пример на другите, но не се плашете да ја искористите енергијата за да ги откриете животните мистерии.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg