Најчести митови за плавушите
Митовите за плавата коса, како и многу други воопшто не секогаш се точни, но знаат да не насмеат до солзи.
Овој пат ги издвоивме најинтересните митови за плавушите:
Плавушите се глупави
Од Мерлин Монро до Парис Хилтон – плавушите се сексапилни, но глупави девојки. Дали е точно? Секако дека не. Научниците потврдиле дека ова е една од десетте најчести заблуди кои воопшто не се точни.
Плавушите се посекси
Згодните девојки со руса коса се навистина попривлечни? Истражувањата утврдија дека и ова тврдење е неточно. Црвенокосите девојки се оние кои на мажите најмногу им се допаѓаат.
Природните плавуши се многу ретки
Овој мит, всушност, е потврден. Научниците предвидуваат дека природната руса коса ќе исчезне во наредните 200 години.
Плавушите изгледаат помлади
Еден од неколкуте митови кој е можеби и точен. Светлата коса со текот на годините потемнува, па затоа ова е една од најчестите причини зошто жените се одлучуваат за посветла коса.