19 работи кои не се ваша вина
Често пати кога не гледаме излез од ситуациите, се обвинуваме себеси. Но, тоа е сосема погрешно и неправедно. Помирете се со фактот дека понекогаш работите се случуваат не по ваша вина, туку по вина на туѓото однесување.
Не можете да делувате на сè во животот, посебно не на овие 19 работи:
1. Некој коj не ви ја возвраќа љубовта на начинот на кој вие го сакате не е ваша вина.
2. Исто како што и вие не секогаш ја возвраќате љубовта на „тој начин“ кон некој кој се грижи за вас.
3. Ако имате проблем со ментална состојба која ве спречува да го живеете животот нормално или позитивно, не е ваша вина. Кога некој ве обвинува дека сте депресивни и сами сте криви за тоа е исто како и да ве обвини дека имате грип кој сте го закачиле заради тоа што сте сакале.
4. Ако некој близок кој го сакате има проблем со зависност, помогнете му да пронајде начин да се излекува. Но, вие не сте виновни за неговата зависност или за помошта која ја одбива.
5. Некој кој умира, не умира заради ваша кривица. Тоа е нормален животен процес, помирете се.
6. Кога твоите родители се расправаат, имаат проблеми, па дури и се разведуваат тоа не е по твоја вина. Двајца луѓе може да имаат проблеми без ти да си дел од нив.
7. Ако не успееш да научиш нешто доволно брзо како другите или пак ти се чини малку потешко отколку на останатите, тоа не е по ваша вина, туку по вина на различната природа на нештата.
8. Кога сте пониски од другите, полесно накачувате по некој килограм или пак се трудите, а не можете, едноставно такви требало да бидете.
9. Разберете дека на секој му треба различно време да ги “наполни батериите” или пак да се одмори. Тоа не значи дека сте мрзливи или спори.
10. Не се чудете како за вас нешто што е нормално за друг е лускуз или обратно. Ништо не е ваша вина, во такво семејство сте се родиле и така сте израснале.
11. Не секогаш е ваша вина што ретко патувате, без разлика дали тоа е заради финансиски проблеми, работа или пак фамилијарни проблеми.
12. Ако не ви се допаѓа новата хит серија која сите ја зборуваат, не значи дека сте чудни.
13. Кога навистина сакате да го забавите вашиот сексуален живот, нема ништо страшно. Доволно е да си поставите свои лични стандарди и да ги разјасните причините зошто е тоа така.
14. Исто како што и ваш е изборот дали ќе имате секс за една вечер со дечкото кој неверојатно многу ви се допадна.
15. Ако некој со кој сакате да се дружите не е баш добар со вас и ве прави да се чувствувате лошо во негово друштво, не е по ваша вина. Обидете се да не им ја давате моќта да ве понижуваат и оддалечете се.
16. Тоа што не ја работите работата според вашето образование не ве прави чудна личност. Напротив, учите нешто ново и стекнувате поголемо искуство.
17. Тоа што сите околу вас се во врска, а само вие сами не значи дека никогаш нема да ја најдете вистинската личност. Дајте си простор и време.
18. Не е ваша вина што некои од роднините не знаат да се зближат со вас и што постојано имаат некои глупави изговори за да не се видите.
19. Никогаш не се чувствувајте виновни за туѓите грешки, без разлика дали се работи за најдобрата пријателка која одбрала погрешен дечко или пак за вашите браќа и сестри кои западнале во лошо друштво.