Како да подготвите домашна бајадера?
Нема некој што не се заљубил во вкусот на бајадерите. Верувале или не, домашно подготвените бајадери се исто толку добри.
Доколку имате желба да подготвите вкусен десерт, во прилог се инструкциите:
Што ви е потребно?
Состојки за внатрешната смеса
- 500 гр шеќер
- 500 гр мелени бисквити
- 200 гр мелени ореви
- 300 гр путер
- 170 мл млеко
- 100 гр црно чоколадо
- 100 гр бело чоколадо
Состојки за глазурата:
- 100 гр црно чоколадо
- 2 мали лажички маргарин
- 1 лажица масло
Како се подготвува:
Млекото, шеќерот и путерот се ставаат во тенџере на оган за да зовријат. Штом почне смесата да врие, садот се тргнува на страна.
Во врелата течност се додаваат бисквитите и оревите и добро се мешаат сите заедно.
Смесата се дели на 2 дела.
Во едниот се додава белото стопено чоколадо, а во другиот црното чоколадо.
Земете плех и прво истурете ја црната смеса со дебелина од прилика 1цм, а потоа ставете ја и белата смеса.
Оставете на кратко да отстојат во фрижидер. Во меѓувреме, подгответе ја глазурата – маргаринот, темното чоколадо и маслото се топат на пареа додека да добијат течна форма.
Прелијте го колачот со глазурата и оставете ги да се изладат заедно.
Сечете на парченца по желба!
Уживајте во омилениот десерт!