Топ 10 најубави барови со прекрасен поглед
Во последно време се чини како секој град да ја оживува магијата на баровите и рестораните на врв на зградите, со неверојатен поглед. Некои од овие барови се толку популарни што неопходна ви е картичка за членство за да можете да го посетите.
Следниве 10 барови се многу внимателно дизајнирани до степен на совршенство. Ако ништо друго не ве воодушеви, не можете а да не уживате во неверојатниот поглед над градот.
1. Ентериерот на овој бар е изграден претежно од дрво. На средината се наоѓа кружен коктел бар, како и џакузи опкружено со многу меки кревети и фотелји за релаксација.
2. Одличниот дизајн и удобноста се предностите на овој бар. Овде никој не може да му одолее на огромниот камин поставен во средина на просторот.
3. Бар кој нуди величествен поглед кон околната природа.
4. Идеално место за романтични состаноци и вечери. Овој бар располага со поглед кој ќе ви го одземе здивот.
5. Барот кој се наоѓа на врвот на хотелот Дрејк е посетуван од повисоките класи, кои дури резервираат соби само за да ја поминат целата вечер во барот.
6. Најексклузивниот кров во Истанбул е познат по неверојатно позитивната атмосфера. Комбинација на бар и ресторан со отворен базен.
7. Неверојатно луксузен бар кој се наоѓа на 63от спрат во Банкок.
8. Се наоѓа на највисокиот хотел во светот, на 118 спрат.
9. Во Менхетен се наоѓа еден од најудобните и најмодерно опремени барови, со надворешен камин.
10. Стаклена тераса која нуди неверојатно луксузно уживање.