Брз чоколаден колач во чаша
Овој колач се прави многу брзо, за неполни 10 минути а може и помалку. Потребна ви е голема шолја за чај и сами смислете го вкусот на вашето колаче.
Можеби токму тоа е одличната карактеристика на овој колач –сами го обликувате и ги менувате состојките според вашиот вкус. Како додаток може да искористите чоколадни трошки, чоколаден крем, ситно сечкано овошје или шлаг.
Потребни состојки:
- 1 јајце
- 1 лажица како во прав
- 3 лажици брашно
- Четвртина лажичка прашок за печиво
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици млеко
- 2 лажици масло
Дополнителни состојки:
- Кокосово брашно
- Пире од банана
- Нутела
- Лешници, ореви, бадеми
- Сечкана чоколада
- Овошје по ваш избор
Подготовка:
Земете голема шолја и во неа истурете го јајцето, млекото и маслото. Потоа додавајте ги останатите состојки во прав, односно брашното, шеќерот, прашокот за печиво и какаото. Добро промешајте.
По желба во смесата може да додадете топено чоколадо, чоколаден прелив или чоколадни трошки.
Печете во затоплена рерна од 3 до 5 минути или микробранова исто толку време. По сопствен вкус и желба откако колачот ќе биде готов може да го украсувате со сè што ќе посакате.
Уживајте во брзиот и вкусен десерт!