Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Подгответе колачиња во облик на срце

Подготвени сте да го прославите Денот на заљубените? Изненадете ги вашите најсакани со мало слатко задоволство, во облик на срце.

podgotvete-kolacinja-vo-oblik-na-srce-01

Потребни состојки за околу 30 колачиња:

  • 3 шолји сенаменско брашно
  • три четвртини од лажичка прашок за печиво
  • 1/4 лажичка сол
  • 1 шолја путер, стопен
  • 1 чаша шеќер
  • 1 матено јајце
  • 1 лажица млеко
  • шеќер во прав, за валкање на тестото
  • модли за колачи


Подготовка:

Измешајте ги брашното, прашокот за печиво и солта во голем сад. Во одделен сад миксирајте го путерот и шеќерот додека не добиете еднолична смеса. Измешајте го јајцето и млекото.

Со миксер измешајте ги сите состојки во еден сад, додека тестото не започне да се одделува од садот. Поделете го тестото на 2 дела и завиткајте го во фолија. Оставете го да отстои во фрижидер најмалку 2 часа.

Откако ќе го извадите тестото од фрижидер, загрејте ја рерната на 220 степени. Посипете шеќер на работната површина и растапкајте го тестото во него. Кога ќе забележите дека повеќе тестото не се лепи, со модли во облик на срце извадете околу 30тина парчиња.

Наредете ги во тава, на хартија за печење и печете во загреана рерна 7 до 10 минути, додека краевите на колачињата не заруменат.

За декорација користете чоколаден прелив, шарени трошки или пак рендано чоколадо.

podgotvete-kolacinja-vo-oblik-na-srce-1

podgotvete-kolacinja-vo-oblik-na-srce-2

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Чудни детали од земјите ширум светот - автомат за колбаси, нудли со кофеин за гејмери (фото) Знаевте ли дека наместо со шеќер, во Иран чајот традиционално се служи со вид на...
Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...
Како изгледаат градинките во Кина: Децата готват на печки на дрва, мешаат малтер Деца од градинка сами мешаат малтер и градат шпорети за готвење. Сами носат дрва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg