Отворен е првиот Барби ресторан во светот
Првиот Барби ресторан се наоѓа во Тајван, каде што тематските ресторани во последно време се многу популарни.
Внатрешноста ја красат многу розови парчиња мебел, а највпечатливи се овие столчиња кои се “облечени” во фустани.
Нема нешто што ќе сретнете, а да не биде во нијансата на розовата боја.
Дури и шанкот со пијалоци е розов, со логото на Барби и со многу светки. Униформите на вработените се оригинални.
Девојките носат интересни маички и мини здолништа од тул, додека шанкерите имаат воочливи розови кошули.
Во овој ресторан се служи интересна храна, започнувајќи од добро познатите macarons, кои исто така се во розова нијанса.
Морската храна е меѓу најбараната, исто како и малите ладни сендвичиња. Уште еден специјалитет е токму коцката леб, со логото на барби, во комбинација на школки.
Погледнете како изгледаше свеченото отворање на Барби ресторанот.