Што би требало да содржи секој студентски стан?
Нема ништо подобро од ново стекнатата студентска слобода. Сепак, мерките на претпазливост се само ваша одговорност, па затоа бидете сигурни дека овие работи ги имате во непосредна близина.
1. Кутија за прва помош
Сигурно најчесто користени се фластерите, но чувството на сигурност е бесценето.
2. Тостер
Уште една кутија за прва помош, но во случај кога ви е неопходен брз и топол оброк. Кога заборавате да вечерате, кога се враќате од излегување или пак во раните утрински часови кога сте мрзеливи, тостерот сигурно ќе ве спаси.
3. Заштита за уши и маска за спиење
Бидејќи цимерите не се вашите внимателни родители. Заштитете се на време од забавите и музиката до раните утрински часови и почестете се со малку спокој и одмор.
4. Продолжен кабел
За полначот за мобилниот, полначот за лаптоп, како и сè останато што мислиш што ќе ти потреба, а работи на батерии.
5. Лепливи закачалки
Големи се шансите да живееш во малечка соба со минијатурна бања, па затоа спаси се од нередот кој може да настане од само неколку парчиња облека.
6. Основен кујнски прибор
За да не позајмуваш нешто што секој ден ќе ти треба, и тоа по неколку пати, никогаш не ги заборавај основните кујнски предмети.
Имате да додадете нешто од вашето искуство?