Искористете ја правилно оваа година

За на крајот и од оваа година да не се жалите како ништо ново не сте направиле, ви нудиме неколку предлози за исполнета година.

iskoristete-ja-pravilno-ovaa-godina-1

Додека сè уште сме на почетокот од оваа година, направете си слична листа на нешта кои мора да ги испробате. Ова се нашите предлози:

1. Испробајте нов моден тренд

Ако никогаш до сега немавте храброст да се облечете шарено или пак да ја промените фризурата, сега е вистинското време. Ќе се изненадите колку една ваква мала промена може да влијае позитивно на вашето расположение.

iskoristete-ja-pravilno-ovaa-godina-2

2. Испробајте нова храна

Искористете ги здодевните вечери за да одите во некој ресторан и да испробате нешто што одамна ве интересира каков вкус има.

3. Посетете ново место

Отпатувајте барем на еден викенд на некое место кое отсекогаш сте посакувале да одите. Штедете 6 месеци ако треба, но пружете си го ова задоволство.

4. Запишете се на некоја нова активност

Тоа не мора да е спорт, може да е танц, јазик или било што друго. Искористете ја оваа година и стекнете нова вештина.

5. Почнете да вежбате

Ќе се чувствувате многу попривлечно за неколку месеци кога ќе треба да облечете кратко фустанче или бикини.

6. Пишувајте дневник

Не морате секој ден да го опишувате од збор до збор, ќе ви се здосади. Неколку пати во месецот седнете и забележете ги најинтересните работи кои ви се случиле во текот на тие неколку дена.

iskoristete-ja-pravilno-ovaa-godina-3

7. Волонтирајте

Одвоите малку слободно време во име на добротворни цели и направите нешто што ќе ве исполни.

8. Откажете се од телевизорот, во чест на готвењето

Наместо цела вечер да ја поминете пред телевизорот, изненадете ги вашите најблиски со некој вкусен рецепт кој сте го прочитале во некое списание.

iskoristete-ja-pravilno-ovaa-godina-4

9. Вдомете животинче

Ако веќе долго време сакате да вдомите кутре или маче, направете го тоа. Прекрасно е чувството дека се грижите за нешто, а љубовта која ви ја возвраќа е бесценета.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Како да им дадете „втор живот“ на старите перници? Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одл...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg