Парчиња мебел кои одлично прилегаат во сечиј дом

Секогаш бидете подготвени за мала промена во вашиот дом, без оглед на стилот во кој е уреден просторот.

parcinja-mebel-koi-odlicno-prilegaat-vo-secij-dom-01

Постојат елементи кои изгледаат одлично во секоја соба, па затоа не пропуштајте да се подновите се едно вакво парче мебел. Тука не ги вклучуваме најосновните, туку некои дополнителни парчиња мебел кои изгледаат неверојатно практично, но и се одлична декорација.

Еве кои парчиња мебел одлично прилегаат во сечиј дом.

Маса во дневната соба која ќе ја користите исклучиво за декорација. Тоа е едно парче мебел кој дефинитивно додава неодолив изглед во ентериерот. Функционалноста и не е баш некоја предност, но дефинитивно ќе имате каде да ги изложите вашите омилени сувенири. Над неа закачете некое необично огледало или некое драго уметничко дело и ќе добиете прекрасно, уметничко катче.

parcinja-mebel-koi-odlicno-prilegaat-vo-secij-dom-1

Дневната соба не изгледа комплетна без ниска, необична масичка, помеѓу троседот и фотелјите. За разлика од претходното, ова парче е неверојатно функционално, а понекогаш и цветните аранжмани, свеќите или сувенирите се неопходни за декорација.

parcinja-mebel-koi-odlicno-prilegaat-vo-secij-dom-2

Одберете мека столица, полна со сунѓер која е пријатна и удобна, но малку поразлична од целата дневна соба. Приоритет нека ви бидат живописните бои и интересните шари. Несекојдневниот ваков детал додава одредена топлина во ентериерот.

parcinja-mebel-koi-odlicno-prilegaat-vo-secij-dom-3

Дополнителните столчиња се секогаш добра идеја. Сместете ги под прозорот, измеѓу поставете мала висока масичка,а на неа оставете неколку списанија. Врз столиците или фотелјите префрлете мали меки прекривки, за потопол изглед.

parcinja-mebel-koi-odlicno-prilegaat-vo-secij-dom-4

Во никој случај не ги заборавајте масичките до креветот во спалната соба. Одберете масички во висина на креветот, но со поразлична боја и форма. Функционалноста им е на прво место бидејќи може да си оставите книга, списание, чаша вода, телефон и сè што ви е неопходно во вечерните и утринските часови.

parcinja-mebel-koi-odlicno-prilegaat-vo-secij-dom-5

Тапацираната масичка е уште еден новитет во ентериерот кој е многу брзо прифатен и приспособен во секој стил на уредување. Може да го користите како масичка или пак како екстра столче кога имате полна дневна соба. Внатрешното складирање во овој тип на масички е уште една предност.

parcinja-mebel-koi-odlicno-prilegaat-vo-secij-dom-6

Меката клупа, која наликува на двосед изгледа неверојатно елегантно во спалната соба. Наредете ја со многу перници и покривка во весели бои. Можеби нема да ја користите толку, колку што ќе ви создава неверојатно отмена и луксузна атмосфера во спалната соба.

parcinja-mebel-koi-odlicno-prilegaat-vo-secij-dom-7

Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg