Што научивме од списанијата за мажи?
Кога најпознатите машки списанија запаѓаат во женските раце започнува откривањето на голем број тајни.
Шпионското читање е една од омилените женски активности, а еве што сè може да се научи од неа:
Важни сме им
Насловите како што се „Овозможете и го најдобриот оргазам до сега“ или „Нежноста е секогаш подобар избор“ често се мистерија за женскиот мозок. Мораме да признаеме дека колку и да не веруваме, сепак овие наслови позитивно изненадуваат.
Мажите често лажат
За ова не ни е потребно некое големо истражување, но кога веќе постои, еве ги резултатите: Мажите дневно изговараат по 3 лаги. Просек кој може да го поднесеме, под услов овие 3 лаги да не се преголеми.
Ги обожаваат сите облини на жените
Без оглед за кој дел од телото се работи, тие сакаат кога гледаат облини. Во главно сите вкусови и желби се различни, па затоа одлична вест е дека нема еден тип на девојка која на секој маж му е привлечна. Индивидуалната убавина е она што се цени.
Заљубени се во своите идоли
Како што ние сме заљубени во Бијонсе или Ријана, така и мажите имаат свои машки идоли кои едноставно ги обожаваат. Нивните идоли се одраз на она што тие би сакале да бидат или да постигнат во животот, а сигурни сме дека никогаш не би го признале ова.
Обожаваат поклони
Секогаш спомнуваат како жените се материјалисти, но и мажите не се ништо подобри. Многу наслови од типот на „Сакаш да бидеш одлична девојка? Купи му ...“ се само уште еден доказ дека и мажите обожаваат кога ќе ги изненадите со нешто што одамна го посакуваат.