Мали нешта кои изнудуваат голема насмевка

Сите имаме такви ситници кои изнудуваат огромна насмевка на нашето лице, додека за некој друг тоа е речиси безначајно.

22-mali-nesta-koi-iznuduvaat-golema-nasmevka-01

Но, ова се 22те мали нешта кога никој не може да одолее и да не се насмевне.

1. Го гледате како вашето кафе доаѓа, со совршено количество на пена и шеќер, токму онака како што го сакавте.

2. Ги фаќате сите семафори на зелено кога брзате.

3. Се враќате од тоалетот во ресторанот и го гледате вашиот оброк спремен на масата.

4. Се будите со помислата дека треба да станете за на работа, а всушност е Сабота.

5. Пребарувајќи ги здодевните програми, одеднаш започнува филм кој сакавте да го гледате, но некако случајно заборавивте.

6. Навремено пристигнување на станиците за превоз.

7. Кога возите низ преполн паркинг и речиси сте помирени дека нема место, но одненадеж некој како знаел дека вие ќе дојдете, ви ослободува место.

8. Се будите во средината на ноќта и гледате дека е 3 часот. Се насмевнувате и сте среќни бидејќи имате уште неколку часа за спиење.

9. Вашата омилена серија која одамна ја прекинаа, повторно почнува да се емитува.

10. Ја проверувате вашата сметка по бурна ноќ и откривате дека сте потрошиле само неколку стотки, а не колку што мислевте.

11. Пронаоѓање на некој денар во џебовите, заборавен уште лани.

12. Правите одлична фотографија од вашето друштво од прв пат.

22-mali-nesta-koi-iznuduvaat-golema-nasmevka-1

13. Давање на точен одговор, во точен момент, во точно време без многу размислување за што и како требаше да кажам.

14. Касиерот одненадеж ви кажува како вие може да го почнете новиот ред, наместо да чекате половина час на таа каса.

15. Песната која совршено се вклопува со вашето расположение ја пуштаат на радио.

16. Сфаќате дека сте одбрале совршен поклон за некој многу близок.

17. Совршено готвење на долго очекуваниот оброк, речиси вкусно како во ресторан.

18. Согледувањето дека сте се облекле топ за одреден повод.

19. Моментот кога се дружите со личност која штотуку сте ја запознале и го имате она чувство дека токму таа може да ви стане најдобра пријателка.

20. Забележувате дека времето ќе биде совршено за забавата на отворено која долго ја планиравте.

21. Моментот на среќа откако ќе го закажете одморот од соништата.

22. Смеењето до момент кога не можете да земете воздух, заедно со уште една многу блиска личност.

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg