Управувате ли со своето време?
Денешниот брз начин на живот ни остава премалку време за приватниот живот. Секојдневната изложеност на рокови, временски притисоци, бројните...
...задачи и активности многу често резултираат со стрес кој може да трајно остане, а исто така и сериозно да го загрози вашето ментално здравје.
Затоа многу е важно да научите да го контролирате вашето време правилно и секако да посветите повеќе време на работите кои живот значат како што се пријателствата, семејството, занимавањето со некое хоби и активности кои ве исполнуваат и даваат значење на нашето живеење.
Затоа би ви препорачале да се погрижите за следниве работи:
Анализирајте ги начините на кои го трошите вашето време. Тогаш кога ќе откриете каде правите грешка во трошењето на времето, можете успешно да ја отстраните таа грешка.
Разликувајте ги задачите од важни и итни. Секое утро утврдете кој 4-5 задачи ви се најважни
за тој ден.
Спремете се мирно да ги прифатите работните задачи за тој работен ден.
Утврдете го вашиот дневен ритам се со цел за поефикасно да ги извршувате вашите сложени задачи, а сепак да бидете ефикасни и за останатите работи. Во периодите кога најмалку поседувате концетрација за извршувањето на задачите тогаш би требало тоа време да го насочите за друштвени и рутински контакти.
Одвојте време за одмор. Предолгата и интензивна работа не се исплати, бидејќи со намалувањето на вашата концентрација честопати се случува да правите грешки.
Немојте да си ја трошите вашата енергија и време на неважни работи. За сè што работите, проверувајте дали тоа е важно и дали мора да се заврши, така што на крајот од работниот ден ако го анализирате потрошеното работно време ќе видите дека за некои работи воопшто не треба да се троши енергија.
Избегнувајте ги колегите кои ви го трошат времето. Тоа се најчесто оние луѓе кои гледаат на секој можен начин да го потрошат своето работно време на некорисни работи. Најлесен начин да се ослободите од таквите луѓе е, секој пат кога некој таков ќе влезе во вашето работно место вие пречекајте го на нозе односно станати, така што тоа е секогаш знак дека немате многу време за разговор.