Започнете ја 2013 организирани
Ако 2012 ја паметите по хаосот кој самите сте си го направиле уште од почетокот на годината, не дозволувајте си го истото и оваа година.
Испробајте неколку едноставни начини како да ги средите вашите секојдневни предмети, без да губите време на непотребно пребарување.
Етикетирајте сè – отпечатете си свои етикети и залепете ги на сите тегли и садови во кои чувате ситни работи или пак кујнски намирници. Сликајте ги вашите чевли и сликата залепете ја на горниот дел од кутијата. На фиоките со долна облека залепете интересни букви и натписи за конечно да запаметите што каде ви е.
Средете ја долната облека – преградите во фиоката се одличен начин тоа да го направите. Ослободете се од секојдневно превртување се наопаку само да го пронајдете совршениот градник.
Козметиката чувајте ја на едно место – престанете да ги расфрлате креми за тело и маски на многу места низ куќата. Сместете ги на едно место во бањата каде што секогаш ќе стојат, а за дополнителна организација – етикетирајте ги.
Пронајдете соодветно место за ситните ласичиња и шноли – конечно средете ги ластичињата и шнолите кои ги имате дури и премногу, а никогаш не можете да ги најдете. Закачете ги или наредете ги на некој поголем предмет или пак складирајте ги во пластично со капаче.
Организирајте ги сите хартии и документи – користете стикери и папки во кои ќе го зачувате редот на сите документи, така што нема да морате секојдневно да губите време за пронаоѓање или нивно разлистување.
Направете си место за неплатените сметки – поставете го на видно место, за да не се доведете во незгодна ситуација кон крајот на месецот.
Средете го нередот во чантата – распоредете ги ситниците во посебни новчаничиња или прегради. Ќе заштедите многу време во текот на еден ден.
Закачете ги посебно сите марами, каиши и чанти – нека бидат на видливо место, прегледно наредени за следното излегување да бидете опуштени кога станува збор за облеката и додатоците.
Користете шкафчиња со многу прегради во кујната и тоалетот – Јасно е дека преградите и малите садови за складирање се единственото решение кога станува збор за нередот.